За нас

За нас

                                                   Поликлиника каква што заслужувате!

Квалитетни услуги од врвен тим составен од професионален кадар чиј приоритет е Вашето здравје!

ПЗУ ,, Галмедикус" е една од првите здраствени установи во општина Неготино, основана на ден 01 Јуни 1994 од страна на примариус Д-р Јордан Нечев специјалист по општа медицина.

Во текот на своето работење цели 26 години, ПЗУ ,,Галмедикус" е водена од мисијата и визијата на Д-р Јордан Нечев, цврсто фокусирана кон пациентите, промовирање негување и унапредување на здравјето преку градење на непосреден однос со пациентите и вработените и овозможување на квалитетна и одговорна здраствена заштита.

Таа наша заложба, упорна работа и труд беше потврдена и со добивање на признание 8 -Ноември од страна на  општина Неготино во 2005 година.

Потребата за континуирано подобрување на здравјето на Нашите пациенти, налагаше повторно инвестирање како во кадровскиот така и во инфраструктурниот капацитет.